Градскиот парк стана место за дружење, едукација, вдомување и позитивна интеракција помеѓу граѓаните и животните. Преку забавно-едукативниот дел од „Лајкафест“, темата беше доближена до јавноста на поинаков, позитивен и интерактивен начин. Од  ЈП „Лајка“ наведоа дека во рамки на фестивалот учествувале повеќе од 50 пријавени учесници во натпреварите и активностите, голем број посетители, повеќе од 20 спонзори и партнери, како и претставници на невладини организации кои ја поддржале иницијативата.

 Посетителите имаа можност да ги запознаат кучињата од ЈП „Лајка“, да разговараат со вработените, ветеринарите и дресерите, да учествуваат во едукативни и интерактивни содржини за деца и возрасни, како и да бидат дел од изложбите, игрите и активностите посветени на вдомените миленици и одговорното сопствеништво – истакнаа од претпријатието

„Лајкафест – Повеќе од настан“, кој го реализираше ЈП „Лајка“ во изминатите три дена  на едно место да ги обедини институциите, стручната јавност, организациите и граѓаните околу една тема што со години е присутна во нашето општество – проблемот со бездомните кучиња и потребата од системски, хумани и долгорочни решенија.

На панел-дискусијата во Град Скопје, со која започна фестивалот, претставници од Факултетот за ветеринарна медицина, Агенцијата за храна и ветеринарство, ЗЕЛС, невладини организации, прифатилишта од државата, како и гости и експерти од Загреб, Сараево и Шпанија, разговараа за реалната состојба со која се соочуваме, предизвиците во пракса и можните решенија базирани на европски искуства и модели.

– Во текот на неколкучасовната дискусија се отворија важни теми поврзани со одговорноста на институциите, потребата од координирано делување, улогата на локалната самоуправа, важноста на стерилизацијата и одговорното сопствеништво, како и неопходноста од едукација и подигнување на јавната свест. Посебен акцент беше ставен и на фактот дека проблемот со бездомните кучиња не започнува на улица, туку најчесто со неодговорно сопствеништво, напуштање и неконтролирано размножување – информираа о д ЈП „Лајка“.

Како продолжение на оваа порака, наредните два дена Градски парк стана место за дружење, едукација, вдомување и позитивна интеракција помеѓу граѓаните и животните. Преку забавно-едукативниот дел од „Лајкафест“, темата беше доближена до јавноста на поинаков, позитивен и интерактивен начин.

Од  ЈП „Лајка“ наведоа дека во рамките на фестивалот учествувале повеќе од 50 пријавени учесници во натпреварите и активностите, голем број посетители, повеќе од 20 спонзори и партнери, како и претставници на невладини организации кои ја поддржале иницијативата.

– Посетителите имаа можност да ги запознаат кучињата од ЈП „Лајка“, да разговараат со вработените, ветеринарите и дресерите, да учествуваат во едукативни и интерактивни содржини за деца и возрасни, како и да бидат дел од изложбите, игрите и активностите посветени на вдомените миленици и одговорното сопствеништво – истакнаа од претпријатието.

Оттаму нагласуваат дека особено значајно било присуството на голем број семејства, деца и сопственици на миленици, што, како што велат уште еднаш покажало дека сè поголем број граѓани сакаат активно да бидат дел од создавање похумано и поодговорно општество.

–„Лајкафест“ не беше само настан за љубители на животни, туку обид да се покаже дека преку соработка, едукација, заедништво и современ пристап може да се отвори поинаков разговор за проблемот со бездомните кучиња – разговор во кој решението не се бара во насилство и поделби, туку во одговорност, систем и долгорочна промена – оценуваат од ЈП „Лајка“.

Тие упатија благодарност до сите институции, организации, експерти, спонзори, волонтери, посетители и граѓани кои биле дел од „Лајкафест“ и помогнале овие три дена да испратат порака дека промените се можни кога постои заедничка волја за подобро и похумано општество.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ