понеделник, јуни 8, 2026
Дома СВЕТ Иран објави крај на нападите врз Израел

Иран објави крај на нападите врз Израел

0
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Заедничката воена команда на Иран објави крај на воените операции против Израел.

Оттаму порачаа дека доколку Израел изврши нова „агресија и непријателски дејствија“, вклучително и во јужен Либан, „ќе следат многу построги и поразорни мерки од претходно“.

Изјавата дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Израел и Иран „веднаш да прекинат со огнот“, бидејќи најновиот бран напади се заканува да ги поткопа напорите за постигнување мировен договор и завршување на војната.

Револуционерната гарда на Иран претходно изјави дека нејзините напади врз Израел би можеле да траат една недела.

Израел не одговори веднаш.

ИЗДВОЕНИ