Привршува изградбата на новиот спортско – рекреативен центар во населеното место Радишани горна зона.
Од Општина Бутел информираат дека новиот спортски комплекс се протега на површина од 2.000 квадратни метри и содржи ново фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште, нови трибини и столчиња, нова метална ограда и лед осветлување.
-Воедно, се изврши реконструкција и проширување на детското игралиште и се постави нова урбана опрема. Општината инвестира и создава можности за редовно практикување на спорт на сите граѓани – нагласуваат од локалната самоуправа.












