Започна реконструкцијата на улицата „Томе Арсовски“ во Бирарија. Зафатот се изведува средства од унгарскиот кредит во рамките на втората фаза од проектите кои се финансираат од него, а согласно договорот склучен помеѓу Владата и Министерството за транспорт
Од Општина Кисела Вода соопштија дека проектот опфаќа целосна реконструкција на улицата, со што значително ќе се подобри безбедноста во сообраќајот, пристапноста и квалитетот на локалната патна инфраструктура.
-Со реализацијата на овој проект, Општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата заложба за континуирани инвестиции во инфраструктурата и создавање современи и функционални услови за секојдневниот живот на жителите – нагласуваат од локалната самоуправа.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска- Трајкоска истакна дека реализацијата на овој проект е уште еден значаен чекор кон подобрување на локалната инфраструктура и обезбедување поквалитетни услови за живот.












