Во дворот на основното училиште „Мирче Ацев“ се поставува нова современа фитнес-зона на површина од 160 квадратни метри, со тартан подлога и со 20 модерни елементи за калистеника.
– Ова не е само ново спортско катче, ова е простор каде што нашите ученици ќе вежбаат, ќе се дружат, ќе градат дисциплина, самодоверба и здрав дух. Продолжуваме да создаваме услови за активни, здрави и среќни деца – објави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.












