понеделник, јули 20, 2026
Дома СКОПСКА Престижна награда за основците од училиштето „Лазо Трповски“

Престижна награда за основците од училиштето „Лазо Трповски“

175

Основците од ООУ „Лазо Трповски“ постигнаа голем успех, освојувајќи престижна награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026, кој традиционално се одржува во Берлин, Германија.

Станува збор за заеднички проект насловен како „Нашето патување на Јупитер“, кој го изработија учениците од 4а одделение во координација со двајцата наставници Ирена Грегориќ и Стефан Симовски.

Ова елитно интернационално натпреварување го организира Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија. Како дел од организационата структура, на натпреварот се јавуваат и Сојузната конференција за образование и истражување на Германија, „Луфтханза техник“ АД, како и концернот ЕАДС (во чии рамки влегува и познатиот производител на патнички авиони „Ербас“).

– Конечната одлука во врска со наградите на овој екипен меѓународен натпревар за ученици од трето и четврто одделение, годинава, ја донесе деветчлено стручно жири составено од претставници на организаторот Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин, универзитетски професори (астрофизичари), наставници, германски владини претставници, германски парламентарци, медиумски работници и претставници на концернот „Ербас“ – соопштија од Општина Карпош.

 

ИЗДВОЕНИ