За денеска се закажани протести на иницијативата „Генерација Z“ во околу триесет германски градови. Тие бараат поголеми инвестиции во училиштата и психолошка поддршка, подостапен живот и домување, како и поправедна распределба на трошоците меѓу генерациите, а исто така, се противат на повторното воведување на задолжителниот воен рок.
Иако организаторите тврдат дека собирите ќе бидат мирни, германските трговци преземаат мерки на претпазливост.
Пред луксузните продавници се поставуваат дрвени плочи, а многу сопственици размислуваат воопшто да не ги отвораат своите објекти – сето тоа поради протестите во други делови на Европа, кои беа проследени со подметнување пожари, уништување и грабежи.
„Владата на Мерц не понуди никакви решенија за проблемите што нè мачат, наместо тоа, продолжува со кратењата и ни наметнува дополнителни товари. Ова остави длабока трага кај ’Генерација З‘“, изјави Стив, еден од организаторите на протестот.
Лина Фидрих, една од организаторките, истакна дека учениците и студентите со години учат за да постигнат добри резултати и да си обезбедат светла иднина, а по завршувањето на образованието – ги испраќаат во германската војска.
„Ние не сакаме војна. Никогаш повеќе не смее да се случи родителите да мора да се прашуваат дали нивното дете ќе се врати дома живо и здраво“, рече таа.












