Грижата за животната средина и еколошката едукација започнуваат од најмладите. ООУ „Рајко Жинзифов“ во Драчево доби нов градинарски компостер „AL-KO K 390“ со капацитет од 390 литри, со што започнува една одлична иницијатива за селективно собирање и реупотреба на органскиот отпад во ова училиште.
Со оваа донација, учениците ќе можат директно и низ практика, во самиот училиштен двор, да учат како биоотпадот се претвора во квалитетно природно ѓубриво и што, всушност, значат одржливите практики и циркуларната економија.
Овој процес го овозможи Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија, преку програмата „Цивика мобилитас“ го овозможуваат овој процес, додека за едукацијата и поттикнувањето на еколошката свест се ангажирани Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Македонија, „Еко логик“ и „Флорозон“ – Центар за еколошка демократија.












