петок, јуни 12, 2026
Дома СКОПСКА Почна уредувањето на паркот „Македонија“

Почна уредувањето на паркот „Македонија“

24

Продолжуваат активностите за уредување и подобрување на јавните зелени површини во Скопје. Од Град Скопје информираат дека во рамки на тековните активности, започнато е уредувањето на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во општина Карпош, еден од најпосетуваните и најубави паркови во градот.

-Во паркот се поставува нова урбана опрема, вклучувајќи клупи и корпи за отпадоци, а се врши и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани. Целта е да се подобрат условите за престој, рекреација и одмор на посетителите, како и да се зачува уредениот изглед на овој значаен зелен простор – соопштија градски власти.

Од Град Скопје истакнуваат дека парковите претставуваат важен дел од урбаното живеење и се места каде што граѓаните поминуваат квалитетно време со своите семејства и пријатели, додека повозрасните наоѓаат мир и релаксација во природна средина.

Воедно, нагласуваат дека надлежните служби редовно работат на одржување на зелените површини кои се под надлежност на Град Скопје, со цел тие да бидат чисти, безбедни и функционални за сите посетители.

Паралелно со овие активности, од Град Скопје упатија и апел до граѓаните за одговорно користење и зачувување на парковите и јавните површини, со што заеднички ќе се придонесе кон почист, поуреден и позелен град.

-Како дел од програмските определби, предвидена е и изградба на нови паркови и дополнителни зелени површини низ градот, со што Скопје ќе добие повеќе простор за живот, рекреација и одмор за сегашните и идните генерации – најавија градските власти.

ИЗДВОЕНИ