сабота, октомври 31, 2026
Дома СВЕТ Масовните протести во Италија ескалираа во насилство: Запалени контејнери и барикади кај...

Масовните протести во Италија ескалираа во насилство: Запалени контејнери и барикади кај Колосеумот/ВИДЕО

60
EPA/ANGELO CARCONI

Најголемите собири се одржаа во Рим и Болоња, со повеќе од 50.000 луѓе во секој град. Протести се одржаа и во Милано, Неапол и Торино, додека студентите се придружија на демонстрациите во повеќе од 50 градови.

Синдикатот USB, кој го организираше денот на акцијата, тврди дека најмалку еден милион луѓе учествувале во протестите низ целата земја до пладне. Полицијата сè уште не ги објавила своите проценки.

Голем број безбедносни сили беа распоредени на улиците поради страв од насилство. Сепак, поголемиот дел од протестите во текот на денот беа мирни.

Мирните протести организирани од синдикатите и студентите во Рим завршија, но група демонстранти се собра на бреговите на реката Тибар и се обидоа да стигнат до центарот на градот, јавува СРНА, повикувајќи се на руската агенција РИА Новости.

Полицијата насилно ги запре на мост. Потоа демонстрантите се обидоа да стигнат до центарот по друг пат, но полицијата ги запре со воден топ.

Ситуацијата во Рим дополнително ескалираше, со запалени контејнери и поставени барикади во близина на Колосеумот. Немирите избувнаа по масовните протести низ цела Италија, за време на кои полицијата интервенираше во неколку наврати за да ги запре демонстрантите.

Италија е потресена од насилни протести во последните недели, а најлошите немири се забележани во Милано.

ИЗДВОЕНИ