петок, јуни 12, 2026
Дома СКОПСКА Дератизација и дезинсекција на територијата на Ѓорче Петров

Дератизација и дезинсекција на територијата на Ѓорче Петров

15

Во тек е спроведување на дератизација и дезинсекција на повеќе локации низ општината Ѓорче Петров, со цел превенција од појава и ширење на штетници, намалување на ризиците по здравјето на граѓаните и обезбедување почиста, побезбедна и поквалитетна животна средина.

Градоначалникот, Александар Стојкоски посочува дека ваквите активности претставуваат важен дел од континуираните напори на Општина Ѓорче Петров за создавање здрава и уредена животна средина за сите граѓани.

-Грижата за здравјето на граѓаните не е еднократна активност, туку постојана обврска. Затоа продолжуваме со превентивни мерки кои придонесуваат за поголема безбедност, подобра хигиена и поквалитетни услови за живот во секое населено место во нашата општина –  истакна Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров и во наредниот период ќе продолжи со активности за одржување  на јавната хигиена и заштита на јавното здравје, како дел од заложбите за создавање чиста, безбедна и уредена општина.

ИЗДВОЕНИ