Новиот мост ќе биде со должина од 43,5 метри, ќе го премости булевар „Никола Карев“ и ќе ја поврзе кружната крстосница со турбо кружниот тек.

Оваа конструкција претставува клучна алка во целото сообраќајно решение и важен чекор кон модернизација на овој дел од градот. Со завршувањето на овој сообраќаен јазол, илјадници граѓани секојдневно ќе почувствуваат вистинско олеснување побрз проток на сообраќај, помал метеж и современ влез и излез од Скопје – истакна скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски

 

Започна изградбата на новиот мост кај клучката Момин Поток во Скопје, што претставува клучна фаза од реконструкцијата на овој важен сообраќаен јазол во градот.

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, објави дека е започната монтажата на челичната конструкција на мостот и дека се поставени двата главни носачи кон излезот од градот во правец на Визбегово.

Тој наведе дека поради сложеноста на конструкцијата и поради фактот што носачите се изработуваат во префабрикувани услови, нивната монтажа ќе се одвива во неколку внимателно планирани фази.

Новиот мост ќе биде со должина од 43,5 метри, ќе го премости булевар „Никола Карев“ и ќе ја поврзе кружната крстосница со турбо кружниот тек.

–Оваа конструкција претставува клучна алка во целото сообраќајно решение и важен чекор кон модернизација на овој дел од градот. Со завршувањето на овој сообраќаен јазол, илјадници граѓани секојдневно ќе чувствуваат вистинско олеснување – побрз проток на сообраќај, помал метеж и современ влез и излез од Скопје – истакна Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека и кога било најтешко, Град Скопје не се откажал.

–Наместо изговори, избравме да работиме и да оставиме дела. Проектот за Момин Поток, кој долго време беше заглавен, сега се реализира со силно темпо – нагласи Ѓорѓиевски, наведувајќи дека градската администрација ќе продолжи со реализација на инфраструктурни проекти со цел подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот на граѓаните во главниот град.

(А. П.)

 

 

 

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ