петок, ноември 27, 2026
Дома СКОПСКА Парични награди на најдобрите седмо и осмоодделенци во Аеродром

Парични награди на најдобрите седмо и осмоодделенци во Аеродром

18

Општина Аеродром ќе им додели еднократни парични награди на учениците со особен успех од VII до IX одделение во општинските основни училишта. За таа цел е објавен и јавен повик.

Општината ги повикува сите ученици што постигнале забележителни резултати да се пријават на една од четирите категории: надарени ученици – ученици со натпросечни постигнувања во науката и во технологијата; талентирани ученици – ученици со исклучителни уметнички, креативни и литературни таленти; талентирани спортисти – ученици што постигнале врвни резултати во индивидуални или во екипни спортови, како и ученици со посебни образовни потреби (ПОП) – ученици со попреченост што покажале исклучителен инклузивен напредок во редовното образование.

– Право на учество имаат редовните ученици од VII, VIII и IX одделение во основните училишта, доколку еден од родителите или старателите има пријавено живеалиште во Општината. Пријавувањето се врши со пополнување образец, кој, заедно со потребната документација, се доставува во архивата на Општина Аеродром – информираат од локалната самоуправа.

Рокот за пријавување е 15 календарски дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

Висината на поединечната еднократна парична награда ќе биде утврдена со посебна одлука на Советот на Општина Аеродром.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ