петок, ноември 27, 2026
Дома КУЛТУРА Уставниот суд го укина Колективниот договор за култура, одлуката ќе стапи во...

Уставниот суд го укина Колективниот договор за култура, одлуката ќе стапи во сила од 1 април 2027

1

Уставниот суд утврди неуставност и донесе одлука за укинување на членот 78-љ од Законот за култура и на Колективниот договор за култура во целина.

Одлуката ќе стапи во сила од 1 април 2027, до кога партнерите во социјалниот дијалог ќе треба да подготват нов и законски издржан Колективен договор за вработените во културата.

Ставот на уставните судии е дека во Колективниот договор и во Законот за култура не постои методологија за пресметка на платите и дека таа мора да биде утврдена како основа во самиот закон за потоа да биде детализирана односно продлабочена во колективен договор.

Во претстојниот период од пет месеци останува социјалните партнери да продолжат со дијалогот за склучување нов колективен договор, а Собранието да ги донесе соодветните измени и дополнувања на Законот за култура.

Од Сојузот на синдикати на Македонија пак велат дека со одлуката на Уставен суд, 3000 работници во културата остануваат без плата и без колективен договор.

-Уставниот суд се укина сам себе, затоа што веќе не е суд, туку испостава. Ова претставува невиден преседан кој ќе има несогледливи последици по сите работници, а ако некој мисли дека ова не е за него и дека е само за културата, се лаже. Денеска не е само погреб на колективен договор, туку погреб на социјалниот дијалог и социјалната правда затоа што функционери и судии на кои платата им се пресметува како просечна плата по коефициент на сложеност, укинаа плата на работници на кои им се пресметува како минимална плата по коефициент на сложеност, истакна претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

ИЗДВОЕНИ