петок, ноември 27, 2026
Дома МАГАЗИН Русија со нова терапија против рак: Одобрено производство на лек базиран на...

Русија со нова терапија против рак: Одобрено производство на лек базиран на сопствени клетки на пациентите

Дозволата овозможува употреба на лекот „Уџефра“ (Utzhefra) во сите здравствени установи низ Русија

1

Националниот медицински истражувачки центар за хематологија, кој функционира во рамките на руското Министерство за здравство, ја доби првата дозвола во земјата за производство на клеточна генска терапија за лекување на рак, соопшти денеска прес-службата на центарот за агенцијата „РИА Новости“.

Дозволата е издадена од Министерството за индустрија и трговија и овозможува употреба на лекот „Уџефра“ – кој се заснова на CAR-T клетки што го таргетираат протеинот CD19 – не само во самиот центар, туку и во други здравствени установи низ цела Русија.

„Уџефра“ е првиот руски лек заснован на CAR-T клеточна терапија, наменет за лекување на малигни заболувања на Б-клетките во хематопоетскиот систем.

Лекот е развиен во Лабораторијата за трансплантациска имунологија при Националниот медицински истражувачки центар за хематологија и успешно ги помина сите фази на претклинички испитувања.

Лекот се произведува со користење на сопствените Т-лимфоцити на пациентот.

ИЗДВОЕНИ