Валтери Ботас (37) реши на несекојдневен начин да патува до годинашната Голема награда на Сингапур. Додека останатите возачи најчесто користат приватни авиони, Финецот се качи на велосипед и тргна на авантура долга 350 километри низ Азија.

Патувањето го започна по Големата награда на Малезија, а неговиот напредок редовно го споделува со фановите на социјалните мрежи.

  • Одам по помалку прометни патишта – можеби по малку подолга маршрута, напиша Ботас, кој подоцна објави и видео со порака: „Да, возам велосипед до Сингапур“.

На оваа необична авантура му се придружи и неговата партнерка, професионалната австралиска велосипедистка, Тифани Кромвел. Само во еден ден, Финецот поминал дури 161,91 километар, возејќи речиси шест часа. Голем дел од маршрутата минува по споредни патишта и необложени патеки, што дополнително го прави предизвикот импресивен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valtteri Bottas (@valtteribottas)

За Ботас, сепак, велосипедизмот одамна е многу повеќе од хоби. Тој редовно учествува на „гравел“ трки, а летово заврши петти во квалификациите за теренски настан во Чешка и обезбеди место на Светското првенство.

На четири тркала, ситуацијата сезонава е многу поразлична. Ботас се врати во Формула 1 како возач на новиот тим Кадилак, но по 16 трки, сè уште нема освоено ниту еден бод, а осум пати не успеал да стигне до целта.

Финецот има десет победи во Формула 1, но оваа сезона му донесе многу повеќе разочарувања. Затоа, долгото возење велосипед до Сингапур е можеби токму она што му е потребно за малку да избега од проблемите на патеката – и да најде причина за насмевка на две тркала.

 

ИЗДВОЕНИ