Четири дена по смртта на нејзината ќерка, Светлана Шипилова тврди дека семејството сè уште нема добиено официјална потврда за причината за смртта.
Мајката на Дарја Шипилова (28) – руска лабораториска техничарка која почина на почетокот на октомври по можна изложеност на чума во Институтот за истражување против чума во Иркутск, Сибир – ги обвини лекарите дека не направиле доволно за да ја спасат нејзината ќерка.
Првичните извештаи сугерираа дека таа можеби се заразила откако скршила епрувета со биолошки материјал додека работела, но сепак, нејзината мајка, Светлана Шипилова (64) – која и самата е здравствен работник – тврди дека не верува во таа верзија на настаните.
„Имам спасено повеќе од еден пациент како Дарја, а сепак тие не ја спасија мојата ќерка. Едноставно дозволија мојата ќерка да умре“, рече таа.
Семејството сè уште е во изолација, а погребот сè уште не е организиран.
„Таа сè уште не е ни погребана. Кој ќе ја погреба додека ние седиме овде заклучени?“, праша таа.
Според весникот „Индепендент“, околу сто луѓе кои биле во контакт со Шипилова пред нејзината смрт се под медицински надзор.
По уште еден случај на смрт поврзан со можна инфекција, Светската здравствена организација (СЗО) понуди помош на руските здравствени власти. Москва, сепак, тврди дека тестовите не откриле присуство на пневмонична чума во земјата.
Четири дена по смртта на нејзината ќерка, Светлана Шипилова наведува дека семејството сè уште нема добиено официјална потврда за причината за смртта.
„Чекам тоа да стане официјално. Не само нешто што се појавува во медиумите – мора да биде официјален документ“, рече таа.
Мајката на починатата техничарка исто така ги отфрла тврдењата дека до можна инфекција дошло откако била скршена епрувета.
„Ја знам вистината. Морам да се бранам од глупави луѓе за кои знам дека поверуваа во сето тоа. Паметните луѓе, се разбира, не поверуваа во тоа“, рече таа.
Таа исто така тврди дека е практично невозможно да се скрши таква епрувета: „Дури и некои медицински лица не сфаќаат дека е невозможно да се скрши таа епрувета. Па дури и да ја фрлите од ѕид. Само некој што не знае за што зборува би можел да тврди такво нешто.“
„Не можете да ја истурите содржината ниту да ја скршите епруветата, дури ни хипотетички. Толку добро се заштитени“, заклучи нејзината мајка, Светлана.












