четврток, октомври 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Крива Паланка доби адреналински парк

Крива Паланка доби адреналински парк

30

Kрива Паланка доби нова туристичка атракција, адреналински парк на познатиот локалитет Калин Камен. Паркот беше свечено отворен вчера, во пресрет на 8 Октомври, Денот на ослободување на Крива Паланка.

Станува збор за нова, атрактивна туристичко-рекреативна содржина во срцето на Осоговието, изградена во рамките на европскиот прекуграничен проект „Прекугранична атрактивност – смарт туризам во регионот Ќустендил – Крива Паланка – Невестино“, реализиран преку прекугранично партнерство, со цел збогатување на туристичката понуда и создавање нови можности за активен одмор, рекреација и за престој во природа.

Свеченото отворање беше реализирано со богата и динамична програма, интерактивни игри за најмладите, адреналински предизвици, дружење со аниматори и со маскоти, бројни активности во природа, а особен белег на настанот му даде симболичното пренесување на штафетата низ паркот.

– Во пресрет на празникот на нашиот град, особено ми е драго што ѝ подаруваме на Крива Паланка нова содржина, на младите простор за авантура и дружење, а на посетителите уште една причина да го откријат и да го засакаат нашиот крај. Калин Камен е наш бисер и наша обврска е да го развиваме, чуваме и да му отвораме нови можности – истакна градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Од Општината нагласија дека со новиот адреналински парк, Калин Камен добива уште една причина повеќе да биде постојано место за посета, авантура, уживање во природа, забава и за незаборавни доживувања.

ИЗДВОЕНИ