среда, август 12, 2026
Дома СКОПСКА Општина Илинден направи агрохемиска анализа на обработливата почва

Општина Илинден направи агрохемиска анализа на обработливата почва

35

Извештајот од извршените анализи на почвените проби што се зедоа од неколку локации на територијата на Општина Илинден, во насока на поддршка и развој на земјоделството, бил во фокусот на работната средба на градоначалникот Александар Георгиевски и деканот на Земјоделскиот факултет, професор д-р Миле Маркоски.

Од Општина Илинден соопштија дека агрохемиските испитувања ги реализирала акредитирана лабораторија при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.

– Со овие анализи, земјоделците добиваат навремени и стручни информации за состојбата на почвата, што им овозможува поефикасно и поекономично користење на ѓубривата, подобрување на приносите и на квалитетот на производите, како и намалување на негативното влијание врз животната средина – наведуваат од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека на состанокот биле разгледани повеќе аспекти поврзани со процесот на пошумување, вклучително и изборот на соодветни садници, процената на состојбата на теренот, мерките за заштита од ерозија, како и долгорочните активности потребни за успешно обновување на шумскиот фонд.

Воедно, како што велат од Општина Илинден, деканот дал стручно мислење и препораки за понатамошните активности, при што ја нагласил важноста од научно заснован пристап, користење соодветни автохтони видови и спроведување мерки што ќе обезбедат одржлива и квалитетна обнова на опожарените подрачја.

– Активноста претставува дел од Стратешкиот план за развој на Општина Илинден за периодот 2022–2026 година и ќе продолжи да се реализира и во иднина, со цел да се опфатат поголем број земјоделски површини и да се обезбедат попрецизни податоци за квалитетот на земјиштето на целата територија на Општината – потенцираа од локалната самоуправа.

Притоа, информираа дека резултатите од извршените анализи се достапни за јавноста и може да се најдат на официјалната интернет-страница на Општина Илинден.

ИЗДВОЕНИ