вторник, јуни 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Жолто предупредување: УХМР најави локално невреме

Жолто предупредување: УХМР најави локално невреме

0

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека дел од регионите во државата се под засилен метеоролошки надзор поради најавената дестабилизација на времето. Оттаму ја алармираа јавноста за потенцијална опасност од невреме, објавувајќи мапа со жолта фаза која опфаќа поголем дел од територијата.

Од Управата излегоа со јасно предупредување: „МЕТЕОАЛАРМ: Метеоаларм за локално невреме!“.

Граѓаните се советуваат да ги следат тековните извештаи, особено во подрачјата каде веќе се регистрирани првите дестабилизации.

Времето пак, утре ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

Во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.

ИЗДВОЕНИ