сабота, септември 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Нова противпожарна опрема за НП „Шар Планина“

Нова противпожарна опрема за НП „Шар Планина“

56

Националниот парк „Шар Планина“ доби донација на противпожарна опрема од Владата, преку Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), која ќе придонесе за поефикасна превенција и првичен одговор при пожари на отворен простор.

– Опремата, која вклучува противпожарни метли и грбни прскалки за гасење пожари, ќе биде ставена во функција на нашата ренџерска служба и ќе претставува значајна поддршка во заштитата на шумите, пасиштата и природните вредности на Шар Планина – велат од НП „Шар  Планина“.

Оттаму упатија искрена благодарност до Владата и до ДЗС за оваа вредна донација и за континуираната поддршка во јакнењето на капацитетите на националните паркови за превенција и справување со шумски пожари.

– Во услови на сè почести екстремни временски појави и зголемен ризик од пожари, секоја инвестиција во превенција и опрема значи поголема безбедност за природата, посетителите и локалното население. Ќе продолжиме да инвестираме во обука, опремување и унапредување на капацитетите на нашите вработени, затоа што заштитата на Шар Планина е наша заедничка одговорност, а природното богатство што ни е доверено заслужува највисоко ниво на грижа – нагласуваат од НП „Шар Планина“.

 

ИЗДВОЕНИ