понеделник, ноември 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ноември нема да биде по сечиј вкус: Дали градовите ќе се разбудат...

Ноември нема да биде по сечиј вкус: Дали градовите ќе се разбудат под првата снежна покривка?

0

Уште од самиот старт, месец ноември во Македонија оваа година ќе го започнеме со врнежливо и релативно поладно време. Инаку оваа година ноември ќе ни биде поладен и поврнежлив месец. Често ќе бидеме под влијание на ладни воздушни струења од север кој ќе условуваат да имаме ладни периоди со ниски температури на воздухот, најави Славчо Попоски.

Секако и покрај ова, немора да значи дека нема да имаме потопли денови во ноември со температури над просекот, секако дека такви денови има веројатност да имаме, како и секоја година.

Што се однесува пак до врнежите тие ќе бидат над просекот, односно очекувам почести и пообилни врнежи во текот на овој месец кои поради ладните продори од север најпрво на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Секако како ќе наближуваме кон крајот на месецов, така ќе расте веројатноста и за појава на снег и на пониските места (градовите) што е многу нормално.

Сѐ на сѐ, ноември оваа година ќе си го правда своето име и лице и ќе биде вистински есенски месец, вели Попоски.

ИЗДВОЕНИ