понеделник, ноември 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски од Бон: Дојче Телеком разгледува нови инвестиции во Македонија, не само...

Мицкоски од Бон: Дојче Телеком разгледува нови инвестиции во Македонија, не само во телекомуникациите, туку и во здравството и паметната технологија

0

Денеска во Бон имавме навистина успешна и, би рекол, прилично динамична агенда. Денот го започнавме со состаноци во рамките на компанијата Германски Телеком, којашто е присутна и кај нас, на македонскиот пазар, неколку децении.

Она коешто денеска го разговаравме со главниот директор на Дојче Телеком се нивните потенцијални дополнителни инвестиции во Македонија, на македонскиот телекомуникациски пазар, но тука не се ограничивме.

Зборувавме и за потенцијални инвестиции на Германскиот Телеком во други области како што се здравството, паметната технологија и друг тип на индустрии коишто ќе донесат голема додадена вредност за македонската економија и на тој начин ќе го зголемат присуството на Германскиот Телеком во Македонија, но и во регионот.

Понатаму, во текот на денот направивме состаноци со Германската стопанска комора и нејзини претставници во рамките на нашата посета во Бон.

Беа присутни голем дел од фирмите коишто имаат свои инвестиции во Македонија, но и оние фирми коишто имаат своја амбиција да инвестираат во Македонија.

Разговаравме за досегашните нивни искуства, како да ги направиме нивните инвестиции поуспешни, но истовремено зборувавме и за зголемување на нивните инвестиции, капацитети, со што исто така би се зголемил и бруто-домашниот производ на македонската економија.

Сѐ на сѐ, навистина успешен ден овде во Германија, во Бон, и сето она коешто денеска го разговаравме, се разбира, ќе има дополнителна додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните во Македонија. Голем поздрав од Дизелдорф и продолжуваме утре со нашата посета во Германија.“

ИЗДВОЕНИ