вторник, ноември 3, 2026
Дома СВЕТ АКО ГИ ИЗГУБАТ ИЗБОРИТЕ! Трамп подготвува план за вонредни ситуации за своите...

АКО ГИ ИЗГУБАТ ИЗБОРИТЕ! Трамп подготвува план за вонредни ситуации за своите соработници: „И Бајден го направи тоа“

Среднорочните избори во САД сè уште не се завршени, но претседателот Доналд Трамп веќе подготвува терен за случајот во кој неговата партија би го изгубила мнозинството во Конгресот

1
EPA/JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би можел однапред да ги помилува Илон Маск и други соработници, доколку процени дека тие се изложени на ризик од кривично гонење. Оваа најава доаѓа пред конгресните избори, на кои демократите би можеле да преземат контрола врз Претставничкиот дом и да започнат истраги за активностите на администрацијата на Трамп и неговите блиски сојузници.

„Засега се само приказни, но ако навистина дојде до тоа, ќе мораме да ги заштитиме“, рече Трамп во подкаст на „Њујорк пост“, одговарајќи на прашање за можноста демократите – доколку обезбедат мнозинство во Претставничкиот дом – да преземат мерки против Маск, вклучително и негово апсење или запленување на неговиот имот.

Трамп додаде дека би бил подготвен да го помилува Маск – како и други лица кои би можеле да станат цел на истраги предводени од демократите – дури и пред да бидат поднесени официјални обвиненија, доколку оцени дека тоа е потребно.

„Бајден го направи тоа. Тој помилува секого. И јас би го сторил истото, доколку е потребно. Не би се ни двоумел. Веќе го направив тоа во врска со 6-ти јануари“, рече Трамп, алудирајќи на неговите помилувања за поединци кои беа осудени или обвинети во врска со нападот врз американскиот Капитол во 2021 година.

Демократите најавија дека, доколку ја преземат контролата врз Претставничкиот дом на изборите на 3 ноември, би можеле да го истражат раководењето на Маск со Одделот за владина ефикасност (DOGE), договорите на неговите компании со американската федерална влада, како и неговата потенцијална улога во ограничувањето на пристапот на Украина до сателитскиот интернет сервис „Старлинк“, со кој управува неговата компанија „Спејс-икс“.

Најавата на Трамп потсетува на потезите на неговиот претходник, Џо Бајден, кој кон крајот на својот мандат во 2025 година, издаде превентивни помилувања за неколку поединци, со цел да ги заштити од евентуално кривично гонење од страна на некоја идна администрација.

ИЗДВОЕНИ