понеделник, ноември 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Жолто и портокалово предупредување за Македонија: Над 30 литри дожд за 24...

Жолто и портокалово предупредување за Македонија: Над 30 литри дожд за 24 часа, на удар и Скопје

0

Територијата на Македонија на ден вторник (3 ноември) ќе се наоѓа во жолта, а југоисточните предели во портокалова предупредувачка фаза поради обилните врнежи од дожд кои ќе бидат предизвикани од циклонската активнот од Медитеранот.

За 24 часа локално во Македонија ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен).

На високите планини со надморска височина од над 1700/1800 метри ќе има врнежи од снег, а во северозападните планински предели снежната граница може да се спушти до околу 1500 метри надморска височина.

Обилни врнежи од дожд на ден вторник (3 ноември) ќе има и во Скопје и околината каде ќе наврнат над 20 литри на метар квадратен воден талог.

ИЗДВОЕНИ