вторник, ноември 3, 2026
Дома СВЕТ Пресврт на Блискиот Исток? Катарски преговарачи пристигнаа во Техеран, на маса е...

Пресврт на Блискиот Исток? Катарски преговарачи пристигнаа во Техеран, на маса е договор што може да стави крај на војната!

0
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Делегација на катарски посредници пристигна синоќа во Техеран за да продолжи со разговорите со иранските претставници во врска со можен договор за ставање крај на повеќемесечниот конфликт меѓу Иран и Соединетите Држави.

Повикувајќи се на неименувани извори, „Тајмс оф Израел“ пренесува дека преговорите опфаќаат можен договор според кој Иран веднаш би го отворил Ормускиот теснец во замена за олеснување на американските санкции, по што би следеа сеопфатни разговори за нуклеарната програма на Техеран.

Претходно, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, ѝ дал на владата „одредени овластувања“ во врска со мировните преговори со Вашингтон.

Пезешкијан рече дека Техеран се стреми да го реши конфликтот со САД преку дијалог, со поддршка и согласност на врховниот лидер. На 28 февруари, САД и Израел започнаа со напади врз цели во Иран, на што Техеран одговори со напади.

Кон средината на јуни, Иран и САД потпишаа меморандум за прекин на непријателствата, но сепак, подоцна дојде до нови меѓусебни напади, а конфликтот останува нерешен до ден-денес.

Техеран претходно објави дека му доставил на Вашингтон предлог во седум точки, кој вклучува можно повторно отворање на Ормускиот теснец во замена за укинување на поморската блокада и отстранување на ограничувањата за извоз на иранска нафта.

Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли предлогот. Иранското Министерство за надворешни работи подоцна соопшти дека добило одговор од САД во врска со предложениот план и дека, преку Катар, ја пренесло својата оценка за тој одговор до Вашингтон.

ИЗДВОЕНИ