EPA/GEORGIA PANAGOPOULOU

По состанокот на врвот на Евролигата во Барселона, сликата за учесниците во следната сезона е речиси целосно јасна. Дилемата е само околу последното место, кое треба да го заземе Монако или Бешикташ.

На 1 јули, компанијата на најдобрите ќе почне нова ера со воведувањето франшизи, кога 13 косопственици ќе преминат на овој бизнис-модел. Тоа се: Олимпијакос, Реал Мадрид, Фенербахче, Панатинаикос, Барселона, Басконија, Макаби Тел Авив, Анадолу Ефес, Олимпија Милано, Жалгирис, Баерн Минхен, Асвел и ЦСКА Москва. Неодамна, Партизан и Црвена звезда добија покана да му се приклучат на ова избрано друштво.

Тоа е само почеток на голем план што вклучува проширување на 30 учесници, дознава „Моцарт спорт“. Првиот чекор треба да се случи во сезоната 2027/2028 со 24 планирани клуба, додека второто проширување треба да стапи на сила во 2028 или во 2029 година.

Исто така, може да се чуе дека зголемувањето на 24 тима би отворило врата за уште еден директен учесник од Еврокупот. Затоа дури и поразениот финалист би имал можност да влезе во елитата.

Првото проширување треба да ѝ донесе на Евролигата 400.000.000 евра, што ќе ѝ донесе 30.000.000 евра на секоја од сегашните 13 франшизи. Не изненадува што има многу луѓе заинтересирани за таквиот статус, а генералниот менаџер Ќус Буено откри дека повеќе од 17 клуба покажуваат интерес.

Процената на потенцијалните нови франшизи ќе почне во првата недела од јули, кога Евролигата ќе сподели информации и детали со клубовите, градовите и со потенцијалните инвеститори.

ИЗДВОЕНИ