Иако, мометно најдобриот шпански тенисер, Карлос Алкараз, во последните недели испраќаше оптимистички пораки за неговото закрепнување од повредата на зглобот, тој сè уште не започнал да тренира со рекет.
Двократниот шампион на Ролан Гарос беше принуден да ги пропушти и гренд слем турнирите во Париз и претстојниот Вимблдон, а неговото враќање на теренот останува неизвесно.
Гарбиње Мугуруза, поранешната тенисерка број еден во светот, а денес директор на ВТА турнирот во Мадрид, исто така зборуваше за неговата состојба.
„Се надевам дека ќе биде подготвен за американската турнеја. Тревата е многу специфична подлога за враќање по повреда, па можеби не е лошо што го пропушти тој дел од сезоната“, изјави Мугуруза за Еуроспорт.
Според информациите што ги има, закрепнувањето оди во вистинската насока.
„Од она што го слушнав, се чини дека добро се опоравува, но мора да останеме претпазливи. Неговата повреда е комплицирана.“
Мугуруза особено ја нагласи чувствителноста на повредата на зглобот.
„Зглобот на раката се состои од многу мали коски и затоа таквата повреда мора да се третира со голема грижа.“
Поранешната шампионка на Ролан Гарос и Вимблдон верува дека најголемиот предизвик за Алкараз ќе биде трпението.
„Тој мора да го контролира своето нетрпение и желбата да се врати на теренот што е можно поскоро. Сите ние играчите чувствуваме голем притисок да се вратиме што е можно поскоро, бидејќи се плашиме да не ги изгубиме позициите на ранг-листата.“
Конечно, таа испрати јасна порака до својата сонародник.
„Тој мора да биде паметен и да си даде доволно време. Најважно е да се врати целосно здрав.“












