вторник, јуни 16, 2026
Дома СКОПСКА Митески потпиша договор за финансиска поддршка на пензионерите

Митески потпиша договор за финансиска поддршка на пензионерите

16

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, потпиша договор за финансиска поддршка со Здружението на пензионери „Солидарност“ – Аеродром, потврдувајќи ја континуираната грижа што им ја обезбедува Општината на своите највозрасни сограѓани.

– Пензионерите се важен дел од нашата заедница – генерации што со своите труд, знаење и посветеност придонеле за развојот и напредокот на општеството. Нивниот придонес заслужува искрена почит и благодарност. Општина Аеродром и понатаму ќе остане посветен партнер во создавањето подобри услови за живот на пензионерите. Додека работиме на развојот на Општината и инвестираме во иднината, со еднаква одговорност ги негуваме и вредностите, традициите и луѓето што ги поставиле темелите на денешен Аеродром – соопштија од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ