петок, септември 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски за „Атлантскиот совет“: Не се повлекуваме од разговорите, ќе продолжиме да...

Мицкоски за „Атлантскиот совет“: Не се повлекуваме од разговорите, ќе продолжиме да преговараме

9

Премиерот Христијан Мицкоски најави можност за пренамена на капацитетите на термоелектраните во Битола, од јаглен на гас, во рамки на плановите за развој на гасната инфраструктура.

„Имаме термоелектрани на јаглен во Битола и обврзани сме да преземеме нешто во врска со ова прашање до 2030 година. Она што го развиваме во однос на гасната инфраструктура е сосема поинакво, но имаме и амбиција да ги пренамениме капацитетите од јаглен на гас“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека постои интерес за развој на оваа инфраструктура и дека Владата е подготвена да разговара со заинтересираните страни.

Одговарајќи на прашање од онлајн публиката за неговите ставови околу промената на уставното име и продолжувањето на разговорите со Бугарија, Мицкоски рече дека земјата не може да се изолира и мора да комуницира, вклучително и за тешките прашања.

„Не сме сами во светот. За жал, во овој мултилатерален свет – а ние сме демократско општество – мораме да разговараме. Мораме да комуницираме“, рече премиерот.

Според Мицкоски, повлекувањето од преговорите би испратило погрешна порака и би значело изолација на земјата.

„Вистинските патриоти се борат и победуваат во битките, а не се предаваат и не се повлекуваат од нив. Тоа е менталитетот и карактерот на оваа Влада: да се бори и да победува во битките“, изјави Мицкоски.

Тој порача дека нема да се повлече од разговорите и дека Северна Македонија ќе продолжи да разговара и за најтешките прашања.

„Јас никогаш нема да се предадам и никогаш нема да се повлечам од каков било разговор. Напротив, ќе продолжиме да разговараме и на крајот ќе победиме“, рече Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ