четврток, јули 9, 2026
Дома СПОРТ Меси откри зошто плачел после дуелот со Египет

Меси откри зошто плачел после дуелот со Египет

0
epa13096111 Lionel Messi of Argentina celebrates with teammates after winning the FIFA World Cup 2026 Round of 16 match Argentina against Egypt, in Atlanta, USA, 07 July 2026. EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Аргентина направи чудесен пресврт и го победи Египет со 3:2 во осминафиналето на Светското првенство. Египќаните водеа со 2:0, со головите на Јасер Ибрахим во 15. минута и на Мостафа Зик во 67. минута, но бранителот на титулата го сврти резултатот со головите на Кристијано Ромеро (79′), Лионел Меси (83′) и на Енцо Фернандес (90+2′). Актуелниот светски шампион ќе игра против Швајцарија во четврт-финалето.

Лионел Меси ја спаси Аргентина со асистенција за првиот гол и постигнување на вториот гол. На својот 204. настап за репрезентацијата, тој достигна 125 гола и 65 асистенции. Сепак, тој лошо го почна натпреварот. Додека водеше Египет со 1:0, тој изведе пенал, но Уфа Шобеир го одбрани. Сепак, на крајот од натпреварот, Аргентинците се радуваа, а Меси плачеше по драматичниот триумф.

– Плачев затоа што чувствував дека ги разочарав соиграчите со пеналот. Затоа што не постигнав гол и затоа што лошо го изведов. За среќа, Бог повторно има посебен план за мене. Не заслуживме да испаднеме, не требаше да одиме дома така. Овој тим навистина заслужува да помине понатаму. Никогаш не се откажуваме! Никогаш! – заврши Меси.

ИЗДВОЕНИ