понеделник, август 24, 2026
Дома СВЕТ Бројот на мртви од ебола во Конго се искачи на 600

Бројот на мртви од ебола во Конго се искачи на 600

31

Бројот на жртви од тековната епидемија на ебола во Демократска Република Конго достигна 600, а пријавени се и сомнителни случаи во уште една провинција, соопштија денеска здравствените власти.

Според најновиот извештај на конгоанската влада, епидемијата – прогласена на 15 мај – досега зафатила 1.759 лица во источните провинции Итури, Северен Киву и Јужен Киву, пренесе Ројтерс.

Сепак, вкупниот број на случаи во моментов не ги вклучува двата нови случаи од Кисангани, главен град на провинцијата Чопо и еден од најголемите градови во земјата.

ИЗДВОЕНИ