понеделник, јуни 22, 2026
Дома СПОРТ Меси испиша историја од „втора“: Стана најдобар стрелец во историјата на Светското...

Меси испиша историја од „втора“: Стана најдобар стрелец во историјата на Светското првенство

213
EPA/JEFFREY MCWHORTER

Лионел Меси „од втора“ го сруши рекордот на светските првенства по број на постигнати голови. На натпреварот против Австрија во второто коло од Светското првенство во Америка, прво промаши пенал и се фати за глава, а потоа постигна гол на потешкиот начин – од поле.

Беше 38-та минута кога топката дојде до Меси, совршено испратена од асистентот Факундо Медина. Меси имаше доволно време и простор да ја извиди ситуацијата, да се подготви за шут „од прва“ и рутински да ја испрати топката зад голманот на Австрија, Александар Шлагер.

Се чини лесно, а магијата не е само во шутот, туку и во совршеното позиционирање на Меси и неговите соиграчи. Покрај тоа, уметноста е како Лео го почувствува просторот, моментот и рутински постигна гол. Гледајте и уживајте.

Со овој гол, Меси го престигна Мирослав Клозе (48) на вечната листа на најдобри стрелци на Светските првенства и сега е сам на врвот со 17 гола. Германскиот голгетер е втор со 16, а познатиот Бразилец Роналдо Назарио (49) е трет, со 15 гола. Четврти на „листата на сите времиња“ е легендарниот Германец Герд Милер (1945 – 2021). Зад нив е иконскиот Французин Жист Фонтен (1933 – 2023), кој ги постигна сите 13 свои голови на едно Светско првенство – во 1958 година во Шведска.

Ова е друштво на најголемите, во кое најголемиот е без сомнение – Лео Меси (38).

ИЗДВОЕНИ