По поразот на Босна и Херцеговина од Швајцарија со 4:1, големо внимание на социјалните мрежи привлече атрактивната бринета на трибините – Џин Мари.

Американската поп и хип-хоп ѕвезда се појави во впечатлив црвен комбинезон и веднаш се најде во центарот на вниманието на фоторепортерите и на навивачите.

Освен што е успешна музичарка со милиони следбеници на „Тик-ток“, таа може да се пофали и со хитот RUMP, кој се искачи високо на музичките листи.

Џин Мари има и актерска кариера, со улоги во популарни телевизиски серии. Со висина од речиси 183 сантиметри и со препознатлива харизма, таа плени каде и да се појави.

Нејзините либанско-бразилски корени дополнително ја истакнуваат нејзината егзотична убавина. Според реакциите на социјалните мрежи, токму таа беше „победник“ на вечерта кога станува збор за вниманието на публиката.

ИЗДВОЕНИ