Ситуација каква што не сме виделе досега се случи на натпреварот Турција – Парагвај за време на Светското прврнство во фудбал во САД, Мексико и Канада.
Најдобриот фудбалер на Парагвај, Мигел Алмирон, доби директен црвен картон поради примената на новото правило.
Имено, во надоместокот од првото полувреме од натпреварот од второто коло на Светското првенство, Алмирон направи нешто што фудбалерите често го практикуваат, но тоа беше негов момент на деконцентрација.

Парагваецот, по конфликтот меѓу играчите на теренот, ја продолжи расправијата, а во таа прилика ја покри устата со рака.
Таквиот потег е строго забранет, а турските репрезентативци веднаш скокнаа и му пријавија на судијата Бартон што се случило.
Набрзо, главниот судија доби повик од помошникот од ВАР собата, и по кратко гледање на видеото, донесе беше одлука да му покаже црвен картон на Алмирон.
Но и oва не им помогна на Турците да го добијат натпреварот, бидејќи како победник излезе селкцијата на Парагвај со 1:0 и тоа со гол постигнат уште во втората минута од натпреварот. Ова е втор пораз за Турција на Мундијалот, што значи испаѓање уште по завршување на групната фаза.












