Годинава, под слоганот „Кисела Вода – најстарата скопска приказна, 71 година културен печат на градот“, присутните ќе може да уживаат во тридневна богата фестивалска програма, која ќе се одвива на неколку локации во Општината: Крстот во Драчево и парковите „Расадник“,„Шопен“ и  „Македонија“. Фестивалот почнува в петок, 26 јуни, кај Крстот во Драчево, со настапот на КУД „Китка“, Андријана Петрушевска, групата „Љубојна“ со бенд од ученици и Никола Станишиќ. Во своето обраќање на денешната прес-конференција, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоскам нагласи дека изборот на артистите воопшто не е случаен, туку е конципиран директно преку слушање на желбите на граѓаните. Таа кажа дека се горди што голем дел од ѕвездите што ќе настапат потекнуваат токму од Кисела Вода

Најстара скопска општина, Кисела  Вода, почнувајќи од 26 до 28 јуни, со богата културна програма ќе го одбележи својот 71. Роденден и ќе го најави претстојното „Културно лето“.

Годинава, под слоганот „Кисела Вода – најстарата скопска приказна, 71 година културен печат на градот“, присутните ќе може да уживаат во тридневна богата фестивалска програма, која ќе се одвива на неколку локации во Општината: Крстот во Драчево и парковите „Расадник“, „Шопен“ и „Македонија“.

Фестивалот почнува в петок, 26 јуни, кај Крстот во Драчево, со настапите на КУД „Китка“, Андријана Петрушевска, групата „Љубојна“ со бенд од ученици и Никола Станишиќ.

Саботната програма ќе почне во паркот „Шопен“, каде што, покрај традиционалната „Коријада“ на Здружението на пензионери на Кисела Вода и хорот „Вања Лазарова“, ќе се одржи и хуманитарна изложба на рачни изработки од децата со попреченост од Кисела Вода.

Вечерта, забавата ќе се пресели во паркот „Расадник“, а главни ѕвезди ќе бидат диџеите Марио Трампет и Доријан, по што ќе следуваат извонредните музички настапи на едни од најголемите домашни ѕвезди: Влатко Миладиновски, Лозано и Таско.

В недела претпладне, паркот „Македонија“ ќе биде центар за најмладите, во рамките на Семејниот ден. Со почеток во 10:00 часот, присутните ќе имаат можност повторно да ги чујат хитовите од детскиот фестивал „Киселко“ и да го проследат настапот на танцовото училиште „Данса Латина Стефи“. Таа вечер, одличната фестивалска програма ќе продолжи во паркот „Расадник“. Откако младите бендови, талентираните ученици од Општина Кисела Вода и диџеите ќе ја загреат атмосферата, пред публиката ќе се претстават добро познатите „Два бона“, а финалето на вечерта е резервирано за големата балканска музичка ѕвезда Војаж.  

Официјалниот ден на Општината, 29 јуни, традиционално ќе биде одбележан во поформален амбиент, со свечена седница на Советот на Општина Кисела Вода, на која најзаслужните граѓани ќе добијат статуетки клучеви, како признание за нивниот траен белег во Општината.

Во своето обраќање на денешната прес – конференција, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, нагласи дека изборот на артистите воопшто не е случаен, туку е конципиран директно преку слушање на желбите на граѓаните. Таа кажа дека е горда што голем дел од ѕвездите што ќе настапат потекнуваат токму од Кисела Вода.

– На нашата сцена ќе настапат најголемите македонски музички имиња, како и познати балкански ѕвезди, како продукт на она што го бараше публиката. Со овој избор покажавме дека искрено се грижиме да има содржини за сите вкусови и буквално за сите генерации. Концептот е строго фестивалски: секоја вечер, на различни локации, ќе имаме по неколку концерти и богата и квалитетна програма – изјави Стаменкоска-Трајкоска и ги покани сите да присуствуваат на „Културното лето“ и да уживаат во перформансите на  музичките ѕвезди.

На денешната прес-конференција, која ја водеа водителите на манифестацијата, Миро Кацаров и Кристина Димитри, беа присутни и дел од ѕвездите што ќе настапат, меѓу кои: Лозано, Андријана Петрушевска, Никола Станишиќ, Таско, диџеј Марио Трампет, дечињата од хорот „Киселко“, Јован Мицкоски и Катја Ѓеорѓиевска.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ