Во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ е отворена  изложбата „Фузија“ на уметникот Христијан Томан, на која тој се претставува со 30 дела: дигитални илустрации, како и цртежи во помал формат, сите дела во А4 и А3-формат.

– Инспириран од безвремената литература и од симболите, сакам да ги реинтерпретирам овие приказни преку различни стилови и сопоставувања, инкорпорирајќи ги тактилните квалитети на графиката со ликовните вредности. Цел ми е дигиталниот медиум да ги обедини овие елементи, нудејќи им на гледачите подруга перспектива на познатите наративи, премостувајќи ги минатото и сегашноста и поканувајќи ги да ја истражат визуелната сложувалка – вели авторот.

Тој има дипломирано на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, на отсекот за графика, насока графички дизајн и се занимава со графички дизајн и илустрација.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

ИЗДВОЕНИ