Познатиот авантуристички солидарен француски карван „Јуроп раид“, со над 25 екипажи со автомобили „пежо 205“, пристигна во Крива Паланка во четвртокот попладне. Во име на меѓународната солидарност, тој тргна од Париз на почетокот од август, носејќи училишна и спортска опрема што ја донираат организаторите на училишта во Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и во Македонија. Жулиет Бертран, координатор за логистика на „Јуроп раид“, истакна дека допатувале повеќе од 25 екипажи со училишни материјали, секој автомобил со по околу 70 килограми опрема, спортски реквизити, училиштен прибор, спортски реквизити и друго за учениците и за граѓаните на Крива Паланка и дека ќе бидат соодветно распределени. Беше организирана и двочасовна франкофонска програма, како и културно-уметничка програма што ги презентира македонската традиција и македонската култура. Настанот се одржа во дворот на основното општинско училиште „Свети Јоаким Крчовски“, под покровителство на Општина Крива Паланка

Задоволство ми е што ја претставувам Амбасадата на Франција овде, на настанот што прерасна во традиција. По шести пат, „Јуроп раид“ е пречекан со отворено срце и со пријателство во Крива Паланка, изјави Марк Брезија, офицер за безбедност на Амбасадата на Франција во Македонија, во обраќањето на франкофонскиот настан посветен на пристигнувањето на солидарниот француски карван во единствениот македонски град домаќин на авантуристите на четири тркала.
Според него, ова авантуристичко патување е исклучително искуство за сите учесници, но е и солидарен проект што носи поддршка за училиштата во Европа, и со тоа дава дополнителна човечка димензија.
– Настанот најмногу му користи на овој град, кој со својата убавина дава позитивна слика за државата, а посветеноста на Елена Николовска ги поврзува двете земји веќе шест години – истакна Брезија.
Познатиот авантуристички солидарен француски карван „Јуроп раид“, со над 25 екипажи со автомобили „пежо 205“, пристигна во Крива Паланка во четвртокот попладне и по шести пат беше повод за организација на двочасовна франкофонска програма, како и на културно-уметничка програма што ги презентира македонската традиција и македонската култура.
Настанот се одржа во дворот на основното општинско училиште „Свети Јоаким Крчовски“, под покровителство на Општина Крива Паланка.
– Во време кога се соочува светот со поделби, вие сте доказ дека се гради Европа и преку вакви пријателства, почит, солидарност и соработка. Секој што патува остава траги, но вие оставате траги во срцата на нашите деца, а оваа соработка, благодарение на професорката Елена Николовска, со која носите опрема за учениците, носи и порака дека децата не се сами, дека некој мисли на нив – рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
Жулиет Бертран, координатор за логистика на „Ероп ред“, истакна дека допатувале повеќе од 25 екипажи со училишни материјали, секој автомобил со по околу 70 килограми опрема, спортски реквизити, училиштен прибор, спортски реквизити и друго за учениците и за граѓаните на Крива Паланка и дека ќе бидат соодветно распределени.
Крива Паланка шеста година е домаќин на карванот што, во име на меѓународната солидарност, тргна од Париз на почетокот од август, носејќи училишна и спортска опрема што ја донираат организаторите на училишта во Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и во Македонија.
Поминувајќи 8.000 километри за 20 дена, секој тим од карванот носи училишна или спортска опрема: училишни ранци, прибор, тетратки, топки, разни социјални игри, сликовници и книги на француски јазик, спортска облека, обувки, наменети за младите франкофони од овие држави, со цел да ги поттикнат и мотивираат да го изучуваат францускиот јазик.
На настанот присуствуваа и Кети Димковска, советник по француски јазик во Бирото за развој на образованието, и Марија Варсамис-Симоновска, претседателка на Здружението на професори по француски јазик.












