недела, ноември 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Инцидент во Охрид: Уапсен 31-годишник по пријава дека ја нападнал својата девојка

Инцидент во Охрид: Уапсен 31-годишник по пријава дека ја нападнал својата девојка

0

Рано утрово, 15 ноември 2026 година, во 05:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 31-годишниот Х.К. од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од СВР Охрид.

Според неофицијални информации, нападот се случил во автомобил, при што девојката се здобила со повреди и изгубила свест. Кога девојката се освестила, била оставена во близина на маркет со видливи повреди, по што била пренесена во болница.

ИЗДВОЕНИ