дно лице го загубило животот во пожар што избувнал синоќа во скопската населба Жданец. Телото на починатиот маж било пронајдено во барака која целосно изгорела во огнот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пожарот бил пријавен на 14 ноември, околу 23:40 часот, на улицата „Жданец“. Огнот ја зафатил бараката во сопственост на 56-годишен скопјанец.
Во гаснењето интервенирале 19 пожарникари со седум противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
По локализирањето и целосното гаснење на пожарот, во опожарениот објект било пронајдено телото на мажот. Засега не се соопштува неговиот идентитет, а непознати се и причините за избувнувањето на пожарот.
Надлежните служби преземаат мерки за утврдување на сите околности поврзани со трагичниот настан.












