Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп информира дека привршува косењето на зелените површини во Градската река и дека од утре, со дополнителна екипа косачи, започнува и второто косење на новите Градски гробишта.
Од претпријатието посочуваат дека поради врнежливото време и изгубените работни часови за косење, како и поради забрзаната вегетација, активностите се одвиваат со засилен интензитет.
–„Комуналец“ ги информира граѓаните дека Градските гробишта ќе бидат целосно искосени и уредени во наредниот период, со цел одржување на хигиената и уредувањето на јавните површини во Прилеп – соопштија од претпријатието.












