четврток, октомври 29, 2026
Дома СКОПСКА Ќе бидат насадени нови 180 садници на повеќе локации во Карпош

Ќе бидат насадени нови 180 садници на повеќе локации во Карпош

20

Општина Карпош продолжува со активностите за унапредување и зголемување на зелените површини на своја територија.

Во рамките на есенската акција за садење, предвидено е садење на 180 висококвалитетни листопадни садници на претходно утврдени локации.

Во текот на денешниот и утрешниот ден, e предвидено да се насадат околу 60 садници во урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, по што акцијата ќе продолжи и во другите урбани и месни заедници.

– Меѓу видовите што ќе го збогатат зеленилото се горски и црвен јавор, црн јасен, липа, жалосна софора и црвенолисна слива. Со зголемувањето на зелениот фонд, Општина Карпош продолжува да придонесува кон подобрување на квалитетот на животната средина, создавање попријатни јавни простори и унапредување на условите за живеење на граѓаните – соопштија од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ