четврток, октомври 29, 2026
Дома СКОПСКА Детско игралиште и вежбалница на отворено во паркот до Градски ѕид

Детско игралиште и вежбалница на отворено во паркот до Градски ѕид

20

Две нови катчиња се уредени во реконструираниот парк до Градски ѕид. Станува збор за детско игралиште и вежбалница на отворено, додека паркот е збогатен со ново зеленило.

Од Општина Центар информираат дека е опремено детското игралиште со тобогани, мрежи за качување и со поврзувачки мостови, а поставени се и соодветна подлога и заштитна ограда. Вежбалницата на отворено е опремена со справи што им овозможуваат на граѓаните да вежбаат и да се рекреираат во непосредна близина на своите домови.
Исто така, се уредени и пешачките патеки, а поставени се и нови клупи и канти за отпадоци.

– Со новите содржини, паркот станува попријатно место за релаксација и дружење на сите генерации – соопштија од локалната самоуправа.

Воедно, паркот добива и ново зеленило. Насадени се 90 нови садници и дрвја, уредена е тревната површина и поставен е систем за наводнување.

– На овој начин создаваме повеќе можности за децата да играат и да се забавуваат на отворено, за соседите да се дружат, а за сите што сакаат да вежбаат – да имаат место за рекреација во своето маало – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ