четврток, октомври 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Заврши обдукцијата на двете жртви од Ѓорче Петров, се истражува дали разбојниците...

Заврши обдукцијата на двете жртви од Ѓорче Петров, се истражува дали разбојниците од Волково имале поделени улоги

439

Истрагата за двете разбојништва што завршија со две убиства во скопските населби Хром и Ѓорче Петров продолжува со испитување на сведоци и со анализа на доказите, информираат од ОЈО. Обдукцијата во Институтот за судска медицина е завршена и се прават дополнителни анализи, по што наодот ќе биде испратен до Обвинителството, изјави за ВЕЧЕР доктор Александар Станков.

Според извори од правосудните органи, четворицата осомничени потекнуваат од скопското село Волково.

Се истражува и дали осомничените дејствувале со поделени улоги, а истражителите проверуваат како се одвивале нападите и кој каква улога имал во нив. Се истражуваат и предметите што биле одземени од домовите на двете жртви, со цел да се утврдат сите околности поврзани со разбојништвата.

Во меѓувреме, се сослушуваат и други сведоци и се анализираат прибраните докази, кои треба да помогнат во расчистување на случаите и во утврдување на индивидуалната одговорност на секој од осомничените.

Првиот краткотраен притвор од 48 часа истекува утре попладне. Обвинителството има можност повторно да побара краткотраен притвор за осомничените доколку оцени дека се исполнети законските услови за тоа, додека истрагата продолжува.

Четворицата се уапсени по смртта на двајцата повозрасни жители, кои живееле сами. (П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ