Екипата на АСВЕЛ славеше против Париз со 98:96, во 4. коло од Евролигата, во неверојатно ефикасен француски дуел. Двата тима заедно постигнаа дури 29 тројки, а победникот беше решен во драматичната завршница.
Надир Хифи беше фантастичен со рекордни 30 поени, но во финишот – од херој се претвори во трагичар. На една минута до крајот ја загуби топката, по што АСВЕЛ постигна кош за водство, а потоа тој го промаши последниот шут за три поени.
Кај АСВЕЛ, Пети Милс постигна 21 поен, додека Тремонт Вотерс додаде 19. Во составот на Париз, покрај Хифи, одличен беше и Тајсон Етјен со 27 поени.
АСВЕЛ сега има две победи и два порази, додека Париз падна на 1:3. Во следното коло, АСВЕЛ ќе ја пречека Црвена звезда, додека Париз ќе игра дома, против Виртус.











