Паркот во населба Ченто, во близина на спортската сала „Македонија“, доби комплетно нов и модерен лик. Од Општина Гази Баба информираат дека е поставена нова урбана опрема која овозможува подобри услови за одмор, дружење и рекреација на граѓаните.
– Поставени се нови канделабри, со што значително се подобри осветлувањето на овој простор. Паркот е дополнително збогатен и со нови рефлектори, кои овозможуваат поголема безбедност, подобра видливост и пријатен амбиент во вечерните часови – соопштија од локалната самоуправа.
Активностите ги реализираше ЈКП „Гази Баба 2007“.












