Македонскиот ракометар Филип Талески, кој игра на позицијата лев бек потпиша договор со ГРК Охрид за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Има 30 години (202 cm) и ќе го носи дресот со број 28.

Талески доаѓа од екипата на Татабања, Унгарија. Потекнува од школата на Металург, а рано замина во бундеслигашот Рајн Некар Левен (освои бундеслигашка титула), а во Германија играше и за Балинген. Пред тоа играше за РК Вардар 1961 и Бенфика (Португалија).

“Потписот за ГРК Охрид за мене претставува нов, голем предизвик и исклучително мотивирачки проект. Клубот покажа огромна желба, сериозна визија и амбиција кои целосно се поклопуваат со моите лични и спортски цели. Среќен сум што ќе го носам  дресот на Охрид, клуб кој незапирливо расте и има фантастична публика. Охрид заслужува големи ракометни успеси, а јас сум тука да го дадам својот максимум на секој натпревар за да ги оствариме зацртаните цели на клубот како во домашното првенство, така и на меѓународна сцена.” – изјави Филип Талески.

ИЗДВОЕНИ