Поп-иконата Бони Тајлер, пејачката со моќен, рапав глас, најпозната по хитовите „Total Eclipse of the Heart“, „Holding Out for a Hero“ и „It’s a Heartache“, почина на 75-годишна возраст. Веста е објавена и на нејзината официјална веб-страница. Поп-ѕвездата, чие вистинско име е Гејнор Хопкинс, почина само неколку месеци откако беше лекувана на интензивна нега, каде што беше ставена во индуцирана кома по итна операција на цревата. Семејството на Бони со скршено срце објави дека Бони неочекувано починала вчера во болница во Португалија, како резултат на болеста од која се лекуваше.
Нејзиниот најголем хит, рок-баладата „Total Eclipse of the Heart“, во 1983 година се искачи на врвот на топ-листите од двете страни на Атлантикот. Драматичната песна ја напишал Џим Стајнман. – Никогаш не се заморувам да ја пеам таа песна. Ја обожавам бидејќи публиката едвај чека да ја слушне и да ја пее со мене. Овој хит ѝ донесе номинација за наградата Греми. Тајлер го претставуваше Обединетото Кралство на Песна на Евровизија во 2013 година, во Малме, но се најде дури на лошото 19. место. Без разлика на таквиот пласман, таа остана популарна. Беше во повеќегодишен среќен брак со Роберт Саливан. (фото: Јутјуб)












