Европската комисија сака да види како ќе реагира Србија на извештајот на Венецијанската комисија за измените на правосудните закони пред одлуката за исплата на евроски средства во рамките на Планот за раст.
„Во моментот проценуваме дали Србија и понатаму ги исполнува условите за плаќање во рамките на европските финансиски инструменти. Сега ќе чекаме да видиме да видим дали Србија ќе реагира на извештајот на Венецијанската комисија за измените на правосудните закони и јасно е дека ќе очекуваме Србија стопроцентно да го исполни она што ќе го каже Венецијанската комисија“, изјави изјави комесарката за проширување Марта Кос во дебата во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.
Кос истакна дека Комисијата е „се позагрижена“ поради она што се случува во Србија, меѓу останатото, и поради изменатана законите кои ја подриваат независноста на правосудството, репресиите врз демонстрантите и загрозувањето на независноста на медиумите како и неусогласеноста со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.
„Ние сме во контакт со српското раководство, ветија дека ќе го исполнат она што се бара од нив. Сакаме да видиме дека Србија организира слободни и фер избори. Очекуваме Србија да ги спорведе сите останати препораки поврзани со изборите“, рече Кос, пренесе „Хина“.












