Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека е малку веројатно дека ќе го продолжи примирјето со Иран.
Двонеделното примирје беше прогласено на 7 април, објави АП.
Трамп рече дека Ормускиот теснец ќе биде затворен за сообраќај сè додека Вашингтон и Техеран не постигнат договор за војната.
Според Трамп, потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, е на пат кон Пакистан за да преговара за крај на конфликтот.
Стејт департментот на САД потврди дека САД ќе бидат домаќини на втората рунда разговори меѓу Израел и Либан во четврток, на ниво на амбасадори.
Првата рунда се одржа на 14 април, пренесе „Тајмс оф Израел“.












